Најскапи и најевтини градови во светот – каде е Скопје?
Скопје и Сараево - ова се меѓу најевтините градови за живот во светот, покажа истражувањето на порталот Експатисан кое ги споредува трошоците за живот во градовите. Македонскиот главен град се најде на 211-то место од вкупно 224 рангирани градови.
Од градовите во регионот најскапа е Љубљана на 129-тото место, а потоа Атина на 131-то.
Најскап град во светот според овој индекс е Цирих, па следуваат Осло, Лондон, Женева, Сингапур, Њујорк, Хонг Конг, Сан Франциско, Перт... Од 20-те најскапи градови во светот, 10 се во Европа, а четири во САД.
Најевтини градови со светот се Харков во Украина, Хидерабад, Пуне и Ахмедабад во Индија, Кишињев во Молдавија, Киев во Украина, Муре во Пакистан...
Во Цирих се живее три пати поскапо отколку во Скопје, покажа истражувањето.
Слично
