Најскап град за живот и работа во светот за 2015 е …
Најскапиот град за живот и работа во светот е Лондон.
Британската престолнина е со највисоки наемни трошоци и со највисок удел од она што економијата го има произведено, покажува индексот на Live / Work Index, кој се мери секоја година од консултантска компанија "Савилс", пренесе BBC.
Индексот ја покажува вкупната вредност на наемот на станови и канцеларии на човек годишно. Во првото полугодие на 2015 година со највисок удел се кириите на станови и канцеларии во Лондон, каде изнесуваат просечно 118 425 американски долари по човек годишно.
Во однос на 2008 година кога за прв пат е воведен Live / Work Index, тој зе зголемил со 20,7%.
Вториот најскап град за живот и работа во светот е Хонг Конг, каде овој показател е 116 661 долари, или за 0,4% повеќе од 2008 година.
Третата позиција е за Њујорк, каде зголемувањето за 7 години е со 28,4 %, а кон средината на оваа година индексот е 114 208 американски долари. Најголема разлика во однос на 2008 година е забележана во Сан Франциско - 59,8%. На дното на листата е рангиран Мумбаи. Трошоците за работник на година во градот изнесуваат 29 088 долари. Пред него е Шангај со трошоци за живот од 44 043 долари. Во однос на 2008 година промената во двата града соодветно е 2,4% за Мумбаи и 15,6% за Шангај.
Трошоците за живот и работа на вработените е само еден од елементите при одредување на пристапноста до недвижности, наведуваат аналитичарите од "Савилс".
