,,Најсиромашниот претседател” ќе вдоми стотина сирачиња од Сирија
Поранешниот уругвајски претседател и омилениот светски лидер Хосе Мухика ќе ја подари својата куќа на стотина сирачиња од Сирија.
Децата кои останале сирачиња во војните овие денови треба да се вдомат во куќата на Мухика.
,,Најсиромашниот претседател", како што го нарекуваа е познат по својата скромност и многубројните хуманитарни акции, а за него се снимени и многу документарни филмови.
Додека беше претседател поголемата половина од платата ја донираше, живееше во скромна куќа и возеше стара ,,Буба".
Слично
