Најпушачката нација на светот живее на Балканот
Најпушачката нација на светот живее во регионот.
Црна Гора е државата со најголем број пушачи по глава на жители во светот. Таа е една од ретките земји која бележи зголемување на лицата кои консумираат цигари, соопштија „Јувентас“ и Центарот за мониторинг и истражување.
Загрижувачки е порастот од 11 проценти во 2017 година во споредба со 2012 година кој се бележи кај децата на 15-годишна возраст кои пушат.
Од Светската здравствена организација алармираа Црна Гора дека мора превентивно да реагира и да ги спроведува одредбите за Забрана за пушење на јавни места.
Се смета дека на тој начин ќе се спасат животите на околу 50.000 граѓани кои се во опасност поради никотинската зависност.
Слично
