Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најпристапни европски држави за живот - меѓу нив се и дестинации од регионот

Најпристапни европски држави за живот - меѓу нив се и дестинации од регионот

Според графиконот објавен од страницата „Adz official“ на социјалната мрежа Фејсбук, Црна Гора е меѓу петте најпристапни европски земји за живеење, заедно со Србија, Украина, Романија и Бугарија.

Картата на Европа ги прикажува петте најскапи и петте најевтини земји за живеење на континентот, со јасна демаркација во боја. Најскапите земји се означени со зелена боја, додека најпристапните се означени со сина боја.

Меѓу најскапите европски земји за живеење, според ова издание, се Исланд, Норвешка, Данска, Швајцарија и Австрија, земји познати по својот висок стандард, но и по исклучително високите трошоци за домување, храна и услуги.

Од друга страна, најпристапните земји се Црна Гора, Србија, Украина, Романија и Бугарија, што укажува на пониски трошоци за живот во споредба со Западна и Северна Европа, пренесува Слободна Босна.

Посебно внимание се посветува на Црна Гора, која, според оваа презентација, се издвојува како една од поповолните дестинации за живот во Европа.

Иако мала по територија, Црна Гора нуди комбинација од пониски трошоци за живот, поволна клима и привлечна географска локација, што ја прави интересна и за локалното население и за странците кои размислуваат за преселба или подолг престој.

Важно е да се напомене дека публикацијата не го наведува изворот на податоците или методологијата.

foto Wikipedia/Pythonax

Слично

Поврзани вести