Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најпознатите руски олигарси побараа крај на војната

Најпознатите руски олигарси побараа крај на војната

Двајца руски олигарси Михаил Фридман и Олег Дерипаска испратија пораки да се стави крај на војната во Украина.

Михаил Фридман е основач на Алфа банка, најголемата приватна банка во Русија. Во писмото до своите вработени тој повика на прекин на „крвопролевањето".

„Поминав голем дел од мојот живот како граѓанин на Русија, градејќи и развивајќи бизниси. Длабоко сум приврзан со украинскиот и рускиот народ и гледајте го сегашниот конфликт како трагедија за двете страни“.

57-годишникот во писмото вели дека најчесто избегнува да дава политички изјави. „Јас сум бизнисмен со обврски кон моите вработени во Русија и Украина. Убеден сум дека војната никогаш не може да биде одговор. Оваа криза ќе чини животи и ќе влијае на две нации кои се како браќа стотици години“ напиша тој

Вториот милијардер кој зборуваше против војната, побара преку порака на Телеграм да започнат што е можно побргу преговорите. „Мирот е многу важен“, напиша Дерипаска.

Тој е на листата на американски санкции од 2018 година поради неговите наводни врски со руската влада, а интервенцијата на двајцата милијардери може да изврши притисок врз деловните и финансиските лидери да изразат противење на инвазијата на Владимир Путин .

Слично

Поврзани вести