Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најпознатиот бизнисмен од Гевгелија го купи „Гудис“ од децата на Светозар Јаневски

Најпознатиот бизнисмен од Гевгелија го купи „Гудис“ од децата на Светозар Јаневски

Најпознатиот бизнисмен од Гевгелија, Марјан Николовски, ја купи логистиката на фирмата Кат-Кетеринг, застапник на брендот „Гудис“ во Македонија, од децата на еден од најпознатите менаџери во Македонија, Светозар Јаневски - Јане Јаневски, Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.

Овој потег на Николовски логично може да се поврзе со амбицијата наскоро да се отвори „Гевгелија мол“ на граничниот премин Богородица, каде што ќе има и фришоп на околу 1.000 метри и најголема „Џамбо“ продавница во земјата.

Семејството Јаневски преку скопската фирма Кат-Кетеринг повеќе од една деценија се обидуваше да го наметне познатиот синџир ресторани со брза услуга „Гудис бургер хаус“ (Goody’s Burger House), а неколку продажни места имаше и во најпопуларните молови. Сепак, минатата година беа остварени приходи од само нешто повеќе од 600.000 евра.

Бизнисите на Николовски се во угостителството, хотелиерството, фришоп, игрите на среќа. Самиот има изјавено дека во казино бизнисот е партнер со еден од најбогатите чешки бизнисмени чие богатство се брои во милијарди и постојано е на ФОРБС листата на најбогати во светот. Неговите бизниси, како што рече тој, годишно вртат 30-40 милиони евра. 

„Гевгелија мол“ ќе биде управувана преку неговата фирма Монополис Инвест, додека во игрите на среќа е активен со компанијата Монополи Консалтинг, а таму еден од директорите е Сашо Поцков, поранешен градоначалник на Гевгелија.

A.K.


Слично

Поврзани вести