НАЈПОЗНАТИОТ БАЛКАНСКИ ЛАВ ЗАМИНУВА ВО АФРИКА: По пет месеци Симба ја напушта Црна Гора
По петмесечен престој во Црна Гора, под покровителство на Агенцијата за
заштита на животната средина, најпознатиот лав од регионот, пронајден во Будва, преку Холандија заминува за
Африка.
Агенцијата за заштита на животната средина наведува дека буцкастиот, здрав и разгален лав ја напушта Црна Гора.
- Возилото со лавот во придружба на обучен персонал и претставници на Агенцијата тргна на пат долг 2100 километри до Холандија, од каде по малку зацврстување ќе продолжи до големото засолниште на организацијата Четири шепи во Африка, соопшти Агенцијата за заштита на животната средина.
Симба беше пронајден на почетокот на годинава во напуштен објект по неколкудневниот лов во околината на Будва. поради постоење основано сомнение дека учествувале во нелегално внесување на животното во Црна Гора, полицијата уапсила три лица.
Агенцијата за заштита на животната средина им се заблагодари на сите кои верувале во оваа организација, учествувале во фаќањето на лавот, неговото сместување, донирале храна или на каков било начин помогнале.
-А тебе, лаву, ти посакуваме среќни пространства на Африка, да ја најдеш својата лавица и да уживаш во животот, порачаа членовите на Агенцијата за заштита на животната средина на својата ФБ страница.
ФОТО: Printscreen/Nova.rs