Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈПОСЕТУВАНИ ГРАДОВИ ВО 2016: Каде туристите трошат најмногу пари?

НАЈПОСЕТУВАНИ ГРАДОВИ ВО 2016: Каде туристите трошат најмногу пари?

Бангкок стана најпосетениoт град во светот според податоци на „Mastercard Global Destination Cities Index“.

Класификацијата е составена врз основа на детално истражување на меѓународните туристички текови во 132 земји низ целиот свет.

Тајландската престолнина од почетокот на оваа година ја посетиле 21,5 милиони патници. На второ место е Лондон со показател 19,9 милиони туристи, а на третото место - Париз, кој е посетен од 18 милиони луѓе.

Во првите десет влегуваат уште Дубаи, Њујорк, Сингапур, Куала Лампур, Истанбул, Токио и Сеул.

Најголемото изненадување во овогодинешното издание на Индексот е појавата на Дубаи во почетокот на табелата, каде што меѓународните посетители имаат  вкупно 31,3 милијарди долари трошоци, што значително го надминува Лондон кој е рангиран на второ место , каде оваа сума изнесува 19,8 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести