Најпопуларната туристичка дестинација во Европа се наоѓа во регионот
Босна и Херцеговина(БиХ) е прогласена за најпопуларна туристичка дестинација во Европа, според податоци од платформата за патувања „Трипскаут“, кои се базираат на активноста и интересот на социјалните мрежи.
Според објавените информации, туристичките дестинации во земјата собрале повеќе од 2,4 милиони лајкови на официјалните профили, што укажува на силен раст на интересот кај туристите ширум светот.
Овој тренд се поврзува со зголемената видливост на содржини што ги истакнуваат природните убавини, културното наследство и автентичноста на земјата, кои стануваат вирални на платформите како Инстаграм и ТикТок.
Меѓу најпопуларните локации што привлекуваат внимание се градовите Сараево, Мостар, Јајце и Вишеград, како и природни атракции како водопадите Кравице и реката Неретва.
Дополнително, Босна и Херцеговина се издвојува како попристапна дестинација во однос на цените, што ја прави особено атрактивна за патници кои бараат автентично искуство без големи трошоци.
foto Wikipedia/ Igor Trklja
