НАЈПЛАТЕНИТЕ ПРОФЕСИИ ЗА КОИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ: Земаат 100 евра „за добар ден“
На социјалната мрежа Редит, еден корисник неодамна праша кои
се најплатените работи што може да се направат без завршен факултет, а
одговорите биле повеќе од интересни и креативни. Факултетот е важен за
многумина, но не е одлучувачки или сигурен рецепт за успех. Еве кои работни
места се сметаат за профитабилни иако немате „хартија“.
Меѓу одговорите се најдоа струките водоинсталатер, керамичар, фризер, заварувач и слични работни места.
- Водоводџија. Овде се кинеме со фенси работни места, а тие земаат 100 евра за добар ден. Бидејќи кога тоалетот ви е затнат или мијалникот ја поплавува кујната, нема многу време за преговарање. Прво ќе го нема вашиот стан, а потоа ќе треба да ја платите штетата на соседот. Сите мразат да го прават тоа, но никој не ги мрази парите - напиша еден корисник на Редит.
Друг корисник ги наведе програмите, дизајнот и видео монтажата како работни места за кои не е потребно високо образование. „Не ви треба факултетска диплома, но мора да работите напорно и да имате големо знаење за да заработите пари од овие професии. Освен тоа може да работите како поддршка за странски компании ако добро знаете англиски“, објасни тој.
Сепак, стои и заклучкокот дека „не можеш ништо да направиш за многу пари ако не си многу, многу добар во тоа, со долгогодишно искуство и труд кој го надминува студирањето“.
