Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде е најдобро да се работи во Македонија?

НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде е најдобро да се работи во Македонија?
За еден час работа работниците во Македонија имаат просечна бруто заработувачка од 174 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат за минатата година. Според овие податоци, мажите се подобро платени од жените.Односно, за еден час работа мажите имаат бруто заработувачка од 181 денари, додека жените 166 денари. Или мажите за секој час работа добиваат по 15 денари повеќе од жените. Просечната годишна бруто заработувачка на работниците минатата година изнесувала 6.500 евра. Односно мажите имале просечна годишна бруто заработувачка од 6.830 евра, а жените 6.010 евра. Колку се платени државните функционери? Но, просечната годишна бруто заработувачка на државните функционери, е двојно поголема во споредба со просечната заработувачка на останатите работиници. Па така, државните функционери минатата година во просек имале годишна бруто заработувачка од 13.000 евра, но и тука мажите се повеќе платени од жените. За еден час работа во октормви минатата година државните функционери имаат просечна бруто заработувачка од 342 денари, што е двојно повеќе од просекот кој се однесува за сите вработени. Помалку платени од државните функционери се и стручњаците и научниците кои имаат годишен просек на бруто заработувачка од 8.900 евра,  односно тие за еден час работа лани во октомври имале бруто заработувачка од 232 денари. Службениците имаат годишна бруто заработувачка од 5.634 евра, а за еден час во октомври лани заработиле  151 денари. Работниците во услужните дејности минатата година имале годишна бруто заработувачка од 4.300 евра, а за еден час лани во октормври имале бруто заработувачка од 122 денари. Стручните работници во земјоделство и шумарство минатата година имале  годишна бруто заработувачка од 4.000 евра , или за еден час минатата година во октомври заработувале 114 денари. Работниците во металската индустрија ималегодишна бруто заработувачка од 5.300 евра, а за еден час минатата година во октомври заработувале 145 денари. Градежните работници, имале годишна бруто заработувачка од 4.300 евра, или за еден час лани во октомври имале бруто заработувачка од 121 денари. Преработувачи на храна, дрво, текстил и кожа минатата година имале годишна бруто заработувачка од 3.500 евра, а за еден час минатата година во октомври заработувале 99 денари. Чистачи и помошници, минатата година имале годишна бруто заработувачка од 3.500 евра, или по 100 денари на час бруто заработувачка лани во октомври. Помошници за подготовка на храна минатата година имале бруто заработувачка од 3.200 евра, или на час по 94 денари. Собирачи на смет, лани имале годишна бруто заработувачка од 5.800 евра, а годишната бруто заработувачка во октомрви лани изнесувала  128 денари. Најдобро платени се работниците од скопскиот и југозападниот регион, потоа од источен, југоисточен, пелагониски, полошки и вардарски, а најслабо платени се  работниците од североисточен регион. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести