Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најплатената професија во Македонија се ближи кон просекот од 1.000 евра

Најплатената професија во Македонија се ближи кон просекот од 1.000 евра

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е сосема близку за прв пат во историјата во одредена дејност приходот да биде 1.000 евра. Засега тој изнесува 984,5 евра.

Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со доход од 43.368 денари.

На четвртото место е секторот телекомуникации со плата од 42.313 денари, а на петтот секторот финансиско-услужни дејности каде просечната плата изнесувала  41.367 денари.


Слично

Поврзани вести