Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈНОВА ВЕСТ-АВТОБУС ОД СРБИЈА ПОЛН СО ДЕЦА СЕ ПРЕВРТЕЛ ВО БУГАРИЈА: Брзата помош, пожарната и полицијата се на терен

НАЈНОВА ВЕСТ-АВТОБУС ОД СРБИЈА ПОЛН СО ДЕЦА СЕ ПРЕВРТЕЛ ВО БУГАРИЈА: Брзата помош, пожарната и полицијата се на терен

Автобус со 48 деца, српски државјани, се превртел во сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, јави „Еуроњуз“ Бугарија. Автобусот се превртел на страна во ендек.

На местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првичните информации десет лица се повредени.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Се очекува повредените да бидат префрлени во болницата во Стара Загора.

Наскоро повеќе...


Слично

Поврзани вести