НАЈНОВА ЛИСТА НА УЈП: Проверете дали сте платиле за МТВ!
Над 30 илјади граѓани се на новата листа на УЈП на неплаќачи радиодифузна такса.
Веќе три недели како заврши рокот до кога граѓаните треба да ги платат заостанатите долгови по основ на неплатена радиодифузна такса.
Граѓаните ќе се соочат со блокада на сметките и присилна наплата од страна на Управата за јавни приходи.
Одлуката на УЈП предизвика лавина реакции кај граѓаните. Објаснувањето на граѓаните за натрупаните долгови е различно. Дел од нив проблемот го лоцираат во немањето пари кога на куп ќе се соберат и сметките по други основи, а дел пак велат дека за нив е нејасно зошто да плаќаат радиодифузна такса кога воопшто не ја гледаат програмата на јавниот сервис.
-Што нуди МРТ за да јас плаќам? На мојот телевизор не е ниту меморирана, зошто да плаќам за нешто што не го користам и не го гледам. Сметам дека не е коректно сега и вака со уцени дека ќе бидеме блокирани, да не тераат да им платиме, вели граѓанин.
-Некако секогаш овие сметки ги оставав последни за плаќање, се случуваше и од немарност да не ја платам сметката. Неколку месеци немам платено сметка, објаснува граѓанин.
Оние што редовно ги плаќаат сметките велат дека иако навреме плаќаат, не се задоволни од услугата.
-Плаќам редовно, ама не сум задоволен, не ја гледам МРТ, не нудат ништо посебно во програмата, емитуваат стари филмови, емисии, а не сум задоволен и од вестите, вели граѓанин.Но морам да плаќам, оти ќе ми дојдат извршители, вели граѓанин.
Дел од граѓаните реагираат дека иако платиле сметки не е направено ажурирање на долгот.
- Јас имам платено а долгот не е избршан, и сега повторно треба да чекам и да се објаснувам, вели граѓанин.
Што побара УЈП?
Во соопштението УЈП посочи дека за да не се соочат со присилна присилна наплата и блокирање на нивните сметки, што се дополнителни трошоци, граѓаните сами да си ги платат заостанатите долговите до 15-ти ноември.
-Оние што должат , за долгот можат да се информираат и преку самите сметки за РДТ , каде е наведен долгот. Најдобро е да се плати што посокоро за да се избегнат блокадите.
Бран на блокирани сметки поради неплатени долгови за РТД имаше на почетокот на годинава. И тогаш дел од граѓаните реагираа дека се блокирани и покарј тоа што го платиле долгот, но имаше и случаи на присилна наплата на РДТ на адреси за кои веќе е платена давачката , односно двојно плаќање за иста услуга. Од Управата посочувуваат дека ажурирањето на списоците на должници го врши МРТ, кои потоа се праќаат до УЈП.
УЈП објави листа на должници за радиодифузна такса
Вкупно 31.464 лица на кои им се изготвени решенија за присилна наплата на радиодифузна такса се најдоа на листата што Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави јавно на нивната интернет страница. Сите кои се на списокот мора најдоцна до 16 декември решението да го подигнат во Регионалната дирекција на УЈП. На следнава листа може да видите дали должите за РДТ: http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/243
Слично
