Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најниската цена и задоцнетите плаќања им создаваат проблеми на фирмите во јавните набавки

Најниската цена и задоцнетите плаќања им создаваат проблеми на фирмите во јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и анализата на жалбените постапки.

Истражувањето на фирмите за нивното искуство во јавните набавки покажува дека: двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање, просечното чекање за наплата на спроведените договори изнесува 8 месеци. Понатаму 79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки и тоа 37% сметаат дека во јавните набавки често има корупција, 10% велат секогаш, а 32% ретко. Само 21% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Основни наоди од мониторингот на јавни набавки се: стручните лица кои ги ангажирал Советот за јавни набавки при давањето согласности за тендерите во 2015 година ги чинеле институциите вкупно 2,2 милиони евра. На секој четврти мониториран тендер имало по еден понудувач, а преку преговарање без објавување на оглас во 2015 година се склучени договори во вредност од 29 милиони евра и во 2015 година поништени се 19,9% од постапките за јавни набавки.

Анализата на жалбените постапки пред Државната комисија за жалби по јавни набавки покажува дека за повеќе од 18 илјади спроведени тендери во 2015 година, доставени се само 523 жалби што упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки од само 2,8%. Од жалбите 67% се доставени против одлуките за избор на најповолна понуда.

Извештајот од мониторингот е достапен и на www.ccc.org.mk.

Слично

Поврзани вести