Најниска плата на Балканот имаат Македонците
Македонците заедно со граѓаните на Албанија и Србија имаат најмали плати, додека најголема просечна плата имаат Хрватите, покажува истражувањето на новинарите од агенцијата Анадолија.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска, просечната нето плата во оваа држава, во август изнесувала 723 евра, што е убедливо најмногу во однос на останатите држави во регионот.
По Хрватска, највисока плата од земјите на поранешна Југославија имаат граѓаните на Црна Гора, а податоците од црногорскиот Завод за статистика велат дека во септември просечната плата изнесувала 475 евра.
Следни на листата се Босанците, а според последните податоци, просечната месечна нето плата била 423 евра.
Македонците се најсиромашни според просечната плата, податоците од Заводот за статистика велат дека просечната македонска плата во септември била 342 евра. Позитивна работа е што таа е поголема за 1,2 проценти во однос на истиот месец лани .
Со околу 380 евра месечно следува Албанија, со околу 380 евра месечно, Бугарија има просечна плата од 390 евра, додека Србија е сопросечна плата од 392 евра.
Од останатите држави на Балканот, граѓаните на Словенија имаат највисока плата и во просек заработуваат по 990 евра месечно, следува Турција со 720 евра, додека Романците просечно заработуваат 480 евра месечно.
Од останатите земји во светот, најголеми месечни примања имаат граѓаните на Швајцарија каде просечната месечна плата е 4.472 евра, следува Норвешка со 3.065, Луксембург 3.000, Австралија 2.932, Катар 2.790 и САД каде просечната плата е 2.322 евра.
Најниска плата во Европа имаат граѓаните на Молдавија, каде просечните месечни примања изнесуваат 197 евра.
Слично
