Најнесреќните економии во светот измерени преку инфлацијата и невработеноста
Ако 2016 година беше година на политички удари, тогаш оваа 2017 година ќе открие како овие шокови ќе влијаат на глобалната економија. Токму тоа цели да го покаже и Индексот на несреќата (сиромаштијата (Misery Index) на агенција Bloomberg (Блумберг).
Трета година по ред на чело на овие индикатори - инфлација и невработеност, е Венецуела. Само од средината на август минатата година година инфлацијата во земјата е над 1400%, според друг индекс на Блумберг.
На дното меѓу 65 држави е Тајланд, што во голема мера се должи на методологијата по која се пресметува невработеноста.
Колку напред е една држава во индексот, толку сиромашна е нејзината економија.
Најголем пад оваа година ја одбележува Полска, која се качува до 28-то место, од 45-тото место минатата година.
Бугарија е на 35-то место, што е во средината на листата на 65-те земји.
Погледнете го во табелата редењето од број 1 до број 65:





Слично
