Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу слободни работни места за ракувачи и составувачи на машини

Најмногу слободни работни места за ракувачи и составувачи на машини
Вкупно 430.741 работни места се пополнети во Македонија, додека слободни се само  6.503, покажаа податоците за првото тримесечје од годинава.  Стапката на слободни работни места изнесува 1,49%. Оваа стапка е највисока во градежништвото - 2,59%, каде што пополнети се 24.076 работни места, а слободни 641. Најниска, пак, стапката на слободни работни места е во дејностите во врска со недвижен името - едвај 0,18%, односно пополнети се 1.849 работни места, а слободни само 3. Највисока стапка на вработеност има во претпријатијата со меѓу 10 и 49 вработени - 1,71%, додека според број, најмногу слободни работни места има во големите компании со над 250 вработени - 2.248. Традиционално, бројот на слободни работни места е највисок во скопскиот регион - 2.247, а најнизок во полошкиот - 195. Но, стапката на слободни работни места  е највисока во вардарскиот регион - 3,05%. По дејности, најмногу слободни работни места има за - Ракувачи и составувачи на машини и постројки. Во првото тримесечје од годинава се барале 1.646 работници во оваа дејност. Следуваат работницитре во услужни дејности и продажба - 1.601, а најмалку слободни работни места (само 3) имало во воените занимања. Во истовреме се барале и 14 - Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
Слично

Поврзани вести