Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба

Најголем број на слободни работни места вкупно 2025, во првото тромесечје годинава имало во секторот  услужни дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, стапката на  слободни работни места изнесува 1.38%. Највисока стапка на слободни работни места има секторот градежништво и изнесува 2.66%, додека најмала е стапката во секторот јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.12%.

Фирмите кои имаат од 10 до 49 вработени, се со највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.84%. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.21%.

По региони, слободни работни места во скопскиот регион имало 2.989, во североисточен 327, полошки 248, пелагониски 786, југоисточен 744, југозападен 422, источен 710 и вардарски 422.

Слично

Поврзани вести