Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ СЕ ТРОШИ ЗА ХРAНА: Синдикалната минимална кошничка сега чини 33.650 денари

НАЈМНОГУ СЕ ТРОШИ ЗА ХРAНА: Синдикалната минимална кошничка сега чини 33.650 денари

Синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари. 

Со една просечна плата не може да се покрие минималната кошничка.  Ниту со две минимални плати не може да се задоволат основните потреби на едно семејство од четири члена. Најмногу се троши за храна, а најмалку за здравјето. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) објави дека на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, a на одржување на здравјето 726,25 денари. ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588,00 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка била 33.742,10 денари.

И трошоците за живот пораснале во однос на минатата година. 

Во однос на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти. Oвие податоци ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Слично

Поврзани вести