Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛОЦИ - растат цените во угостителството, само ноќевањата поевтиниле

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛОЦИ - растат цените во угостителството, само ноќевањата поевтиниле

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец (декември 2025). Но, споредено со јануари 2025 година цените се зголемиле за 3,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според ДЗС во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 отсто, а на алкохолните пијалаци за 0,2 проценти. Додека пак цените на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.

Сепак, на годишна основа, јануари 2026 – јануари 2025 година, најголем раст на цените на угостителските услуги имало токму кај алкохолните пијалаци кој поскапеле за 9,1 отсто. Цените на храната пораснале за 7,8 проценти, додека оние на безалкохолните пијалаци за 5,3 отсто. 

Сепак, забележливо е дека за една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3 отсто.

Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти. 


Слично

Поврзани вести