Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ТРОШАТ ЗА ХРАНА И СМЕТКИ: Колку изнесува минималната кошничка за ноември?

НАЈМНОГУ ПАРИ СЕ ТРОШАТ ЗА ХРАНА И СМЕТКИ: Колку изнесува минималната кошничка за ноември?

Просечно семејство во ноември трошело над 65.000 денари за основни трошоци. 

Едно четиричлено семејство во Македонија во ноември морало да одвои 65.173 денари само за минимални месечни трошоци за егзистенција, покажуваат најновите податоци од синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Сумата е пониска за 371 денар во однос на октомври, кога за истите трошоци биле потребни 65.544 денари.

Според пресметките на ССМ, доколку семејството живее под кирија, кошничката е поскапа. За изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните минимални трошоци достигнуваат 80.548 денари.

За храна и пијалаци, едно просечно семејство во ноември требало да издвои 23.534 денари, додека за режиски трошоци потребни се 6.130 денари. Останатиот дел од синдикалната кошница ги покрива трошоците за превоз, облека и обувки, здравје, хигиена, образование и култура.

foto freepik.com/pressfoto

Слично

Поврзани вести