Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ НОВИ ОБЈЕКТИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН - нов раст на бројот на одобренијата за градба

НАЈМНОГУ НОВИ ОБЈЕКТИ ЌЕ НИКНАТ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН - нов раст на бројот на одобренијата за градба

Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

- Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година - прецизираат од ДЗС.

Од таму додаваат дека од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 или високи 70,1 отсто се наменети за објекти од високоградба, додека пак 38 или 12,1 процент се за објекти од нискоградба и 56 или 17,8 отсто се за објекти за реконструкција.

- Од вкупно 314 објекти, на 229 или 72,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 или 27,1 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од  69 411 метри квадратни - се посочува во извештајот на ДЗС. 

Бојките пак откриваат дека најмногу нови објекти ќе се градат во Полошкиот регион со 98 одобренија, а веднаш зад него според бројноста на одобренијата е Скопскиот регион со 93 издадени одобранија за градба. 

Подолу се деталите по бројност и по вредност на градбите кои треба да никнат. 

Фото: Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести