Најмногу извезуваме овошје, а увезуваме месо
Раст на извозот на храна за 17,7% повеќе од лани бележи првиот квартал годинава и истиот достигнал 66.3 милиони евра.
Според извештајот на Народна банка извозот на прехранбени производи во првите три месеци годинава е поголем за речиси 10 милиони евра.
Податоците велат дека извозот на овошје и зеленчук е зголемен за 60% или за 11,6 милиони евра односно на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита на вкупно 14,7 милиони евра.
Во однос на месната индустрија пак Македонија извезла месо и месни преработки во вредност од 8,5 милиони евра
Што се однесува на увозот најмногу се увезуваат прехранбени производи.
Во бројки тоа изнесува 19,7 милиони евра од увозот на жита и преработки од жита, додека од увозот на овошје и зеленчук се остварени вкупно 22,4 милиони евра.
Од месото и понатаму Македонија е зависник а бројките покажуваат дека во овој период во земјата се увезени во вредност од 24,6 милиони евра за месо и месни пререботки.
Единствен пад на извозот е забележан кај млечните производи и јајцата и тоа за скоро 50 % на вкупно 1,7 милиони евра.
