Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмногу извезуваме и увезуваме од ЕУ

Најмногу извезуваме и увезуваме од ЕУ
Земјите од Европската унија се најголеми увозници во Македонија, но во истовреме се и пазар каде што се извезуваат најголем дел од македонските стоки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за јануари годинава. Според овие податоци, најмногу стоки од Македонија - дури 82,1 отсто се извезени во земјите од Европската унија, по што следат заемјите од Западен Балкан - 11,7 отсто. Од земјите-членки на ЕУ се увезени дури 65,5 отсто од вкупно увезените стоки во земјава. Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија  - ова се земјите со кои најмногу тргувала Македонија и со кои е реализирана 54,2 отсто од вкупната надворешно-трговска размена. Според производи, најмногу сме увезле катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициум, фероникел, производи од железо и челик (валани производи) и облека, а сме увезле платина и легури на платина, необработени или во прав, сурова нафта, електрична енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во јануари годинава Македонија извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9 отсто, а  трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари, покажуваат статистичките податоци.
Слично

Поврзани вести