Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмладата жртва од поплавите има само две години

Најмладата жртва од поплавите има само две години

Најмладата жртва од поплави кои го зафатија Скопје имала само две години, а најстарата 67, соопшти МВР.

Телото на две годишното момче Енес Мустафа е пронајдено покрај телото на неговиот дедо Бајрам Мустафа (67) во населбата Ченто.

Во силното невреме во Скопје и околината во ноќта помеѓу саботата и неделата загинаа 21 лице. Повеќето жртви се од населбата Ченто, двајца од Крива Паланка и еден мртов од Куманово и Тетово. Една жртва не е идентификувана уште.

Од 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, соопшти вчера по завршувањето на состанокот Комитетот за кризни ситуации.

Невремето следено со силна бура и дожд предизвика поплави а најтешко погодени се североистоно приградските населби Стајковци, Смилјаковици, Арачиново и Ченто.

На подрачјето на Скопје во текто на ноќта паднал 93 литри дожд на квадратен метар, а во првите два часа на невремето се регистрирани повеќе од 800 громови. Силината на ветерот достигна и до 70 километри на час, а во некои делови на градот водата достигна и до метар и пол.

Денеска во земјава е Ден на жалост, а се очекува во најтешките погодени места во Скопје да биде прогласена вонредна состојба

Слично

Поврзани вести