Најмладата милијардерка во светот: Треба да работат 90 часа неделно, oва е мојата рутина
Во раните фази од бизнисот, основачите на стартап компании треба да работат 90 часа неделно за да ги развијат своите компании.
Ова го изјави најмладата жена во светот која го постигна статусот на милијардерка преку сопствената работа, триесетгодишната Луси Гуо, чие богатство се проценува на 1,25 милијарди долари.
Нејзината дневна рутина е интензивна. Станување во 5:30 часот наутро, двојни тренинзи во теретана, работа цел ден, често без традиционални паузи за ручек. Гуо верува дека продуктивноста е приоритет, додека слободното време е ограничено на неделните попладневни часови, објавува CNBC.
Гуо пораснала во Фремонт, Калифорнија, во семејство на кинески имигранти кои инсистирале на образование и дисциплина.
„Единствената забава што ја имав беше на компјутер“, признава Гуо, додавајќи дека токму видео игрите ја разбудиле нејзината желба да се занимава со инженерство и развој на софтвер.
Луси Гуо, која ја симна пејачката Тејлор Свифт од тронот на Форбс како најмлад милијардер во светот, ја основа компанијата за означување податоци за вештачка интелигенција Scale AI во 2016 година со сегашниот извршен директор Александар Ванг, а откако ја напушти оперативната позиција во компанијата во 2018 година, задржала удел од околу пет проценти.
фото Инстаграм
