Најминистер во регионот е – црногорскиот министер за финансии
Црногорскиот министер за финансии Радое Жугиќ е прогласен за „најминистер во регионот“. Признанието му било доделено на традиционалниот 30-ти избор за најменаџер и најкомпанија во југоисточна и средна Европа, што се одржа во Сараево.
Наградата му била доделена како министер што со своите активности придонел за развојот на бизнисот и економијата во регионот. Нема информации дали некој му бил конкуренција на Жугиќ за признанието.
Наградата „Најменаџер на годината“, во чии рамки се доделува и ова признание, за првпат е воведена во 1994 година. За „Личности на годината“ во регионот на југоисточна Европа се избрани полскиот претседател Бронислав Коморовски и албанскиот претседател Бујар Нишани, кој е награден заради придонесот за неговата земја да добие статус на земја-кандидат за членство во ЕУ.
Слично
