Најмалку седуммина повредени во судир меѓу мигрантите во Грција
Најмалку седум лица се повредени во судирите кои избија помеѓу неколку стотина сириски и авганистански бегалци и мигранти во пристаништето Пиреј на југоистокот од Грција, јавија локални медиуми.
Весникот „Прототехма“ јави дека, при таа прилика, две лица се здобиле со тешки телесни повреди. Судирите почнаа синоќа, кога авганистански мигрант нападнал една Сиријка. Инцидентот се претворил во судир со големи размери помеѓу младите Авганистанци и Сиријци, додека полицијата била отсутна на две пристанишни капии.
Мигрантите поминале три часа фрлајќи камења и останати предмети едни на други, после што стигнало полициско засилување.
Грчките власти наводно планираат да ги раздвојат Авганистанците и Сиријците како би се избегнале можни инциденти во пристаништето во кое живеат 5000 мигранти.
