Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку петмина загинати во Бугарија, поплави и во Грција и во Албанија

Најмалку петмина загинати во Бугарија, поплави и во Грција и во Албанија
Петмина, меѓу кои и едно дете, загинаа во поплавите во Бугарија. Локалните власти соопштија дека се уште се трага по една триесетгодишна жена. Во селото Илинденци, спасувачките екипи ги пронашле телата на деветгодишно дете и неговиот татко, соопшти Полициската управа во Благоевград. Една жена загинала кога врз нејзиниот автомобил во движење паднало дрво кое го соборило силен ветер, соопшти полицијата во градот Русе. И натаму се трага по брачен пар, чиј џип слета од патот во река во центарот на Девин. Многу општини се во критична ситуација по обилните дождови, а во одбрана на Смољане, каде ситуацијата е најтешка, ангажирана е и војската. Поплавени се и северозападот на Грција и југот на Албанија.
Слично

Поврзани вести