Најмалку 37 мигранти се удавија кај Либија
Уште една несреќа со потонат брод, ги однесе животите на најмалку 37 мигранти крај либискиот брег. Бродот се потонал во близина на Хомс на околу сто километри источно одглавниот град. Информацијата ја соопшти портпаролот на либискиот Црвен крст.
Вчера наутро беше потврдена информацијата за седум удавени мигранти, а утрово рибари пронашле уште 30 тела во истиот регион.
Волонтери од Црвениот крст се обидуваат да ги извадат телата, но немаат доволно чамци, рече портпаролот.
Инаку, во четвртокот уште еден брод со мигранти кои патуваа од Либија до Италија, потона во Средоземно море и загинаа 200 лица.
Слично
