Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалата “независна суверена држава” на Балканот – Либерленд

Најмалата “независна суверена држава” на Балканот –  Либерленд
На ничија земја, на просторот помеѓу Србија и Хрватска, прогласена е најмалата "независна суверена држава" на Балканот, на површина од седум квадратни километри.
Ново оформената држава Либерленд има и претседател-Чехот Вид Једличка.
Једличка ги повикува да се придружат сите кои го почитуваат принципот 'живеј и остави ги и другите да живеат', а притоа не се екстремисти.
liberland Једличка тврди дека оваа "држава" настанала во потполност во рамките со меѓународното право бидејќи е основана на ничија земја која во рамките на разграничувањето не ја побарале ниту Србија, ниту Хрватска. Инаку, Либерлендлежи на крајбрежјето на Дунав, помеѓу Бачки Моноштор и Змајевац. liberland3 -Целта на основачот на оваа нова држава е да се формира општество во кое можат да просперираат чесните луѓе и притоа државата да не им го загорчува животот со непотребни забрани и даноци. Една од причините за основање на "Либерленд" е сè поголемото влијание на интересните групи врз функционирањето на државите и сè полошите услови за живот на луѓето. Основачите се инспирирани од Монако, Лихтенштајн или Хонгконг, пишува на официјалната веб страница на Либерланд. liberland2 Државата им  свое знаме, грб, устав и закони. Знамето започнало да се вее дури кон почетокот на оваа седмица, а лидерите тие веќе делат државјанства и ги повикуваат сите под услов да не се комунисти, неонацисти или екстремисти, а не сакаат ниту криминалци казнети за потешки кривични дела. Обработи: K.K
Слично

Поврзани вести