Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмал раст на платите имало во Франција, а најголем во земја од регионот

Најмал раст на платите имало во Франција, а најголем во земја од регионот

Платите лани најмногу се зголемиле во Бугарија и во Унгарија, а најмалку во Франција. 

Гледајќи по држави, највисок раст на платите на годишно ниво имаше во Бугарија – дури 13,2 проценти. Унгарија е втора со раст на платите од 10,9 проценти, а Романија е трета со 10,4 проценти.

Општо земено, зголемувањето на платите е значително поголемо во земјите-членки на ЕУ од Централна и Источна Европа отколку на Запад.

Најнизок раст на платите, со помалку од два проценти на годишно ниво, беше во Франција – 1,4 проценти.

Платите во ЕУ најмногу се зголемија во градежниот сектор, за 4,8 проценти, во услугите за 4,6 проценти и во индустријата за 3,9 проценти.

Во исто време, платите, или сатниците, се зголемија за 8,9 проценти во секторот на професионални, научни и технички активности и за 6,7 проценти во рударството.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести