НАЈЛОШОТО НЕ ПОМИНАЛО-Нафтата конечно го допре дното!
Цените на нафтата можеби конечно го допреа дното, соопшти Меѓународната агенција за енергетика, укажувајќи истовремено на нивното „значјано опоравување“.
„Скорешното силно поскапување на нафтата, кое ги гурна цените на околу 40 долари за барел, од 28,50 долари од средината на јануари, не мора да значи дека најлошото поминало“, се наведува во месечниот извештај на ИЕА за состојбата на пазарот на нафта, пренесе Франс прес.
„Забележани се, сепак, показатели кои говорат дека цените можеби конечно го допреа дното“, се додава во извештајот.
Меѓу факторите кои допринеле до зголемување на цените на нафтата се разговорите започнати помеѓу водечките произведувачи на нафта, Саудиска Арабија, Венецуела, Катар и Русија, за замрзнување на нивото на производство, а кои, како што оценува ИЕА, се прв импулс на координирани акции наменети за стабилизација и раст на цените на нафтата кон ниво од 50 долари за барел.
„Исходот од овие преговори, меѓутоа е, неизвесен, а големите залихи на пазарот се сигнал дека нивното влијание ќе биде мало во наредните месеци“, пишува во извештајот.
Иранското враќање на пазарот на нафта после укинувањето на западните сакнции на таа земја во јануари, според оценките на ИЕА, било помалку драматично од она што Иранците го најавувале.
„Изгледа дека иранското враќање на пазарот ќе биде постепено“, соопшти оваа агенција која нуди анализи за состојбата на глобалните енргетски пазари.
