Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган!
Секој хороскопски знак има позитивни и негативни особини коишто го опишуваат и го прават карактеристичен. Дознајте која е најдобрата, а која е најлошата особина на вашиот хороскопски знак.
1. Овен
Доблест: Храброст
Она што е најзначајно за Овенот е неговата храброст. Овенот смело чекори низ животот и секогаш се труди да го искористи максимумот, што често дава фантастични резултати. Ретко кои други знаци може да се пофалат со вербата во себе и бестрашноста, па не е ни чудно што овие луѓе се лидери коишто знаат да се снајдат во секоја ситуација.Недостаток: Импулсивност
Овните често скапо ги плаќаат нивната нестрпливост и импулсивност. Луѓето во овој знак не знаат да бидат стрпливи. Тие сакаат сè и тоа веднаш, но тоа во животот не оди така. Често поради својата природа кажуваат или прават работи за коишто брзо зажалуваат, но од кои враќање нема.
2. Бик
Доблест: Трпение
Никој не е толку стрплив како што е Бикот. Луѓето родени во овој знак се познати по нивното внимателно размислување, поради коешто никогаш не се откажуваат од својата цел. Иако им е тешко да започнат нешто, еднаш кога ќе одлучат нешто, тоа и ќе го сторат. Освен тоа, тие се многу упорни, рационални и стабилни, па на нив секогаш може да сметате. Сигурни се и како партнери и како пријатели.Недостаток: Тврдоглавост
Овие луѓе се толку тврдоглави што често работат против себе. Невозможно е да им докажете дека се криви, а дури и тие самите да го согледуваат тоа, никогаш нема да попуштат. Нивните односи и врски со другите најчесто страдаат токму поради тврдоглавоста. Тврдоглавоста им пречи и во напредувањето, па често се случува да одбијат примамливи понуди, само поради тоа што не сакаат промени и инсистираат на тоа сè да остане како што било.
Слично
