Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Хрватска е земјата во Европската Унија(ЕУ) која е најзависна од дознаките од своите иселеници. 

Според податоците на Евростат, највисоки стапки на зависност во ЕУ минатата година се забележани во Хрватска (дури 7,2 проценти од БДП), Латвија (3,1) и Луксембург (2,7). Најмалку зависни од дознаките се Ирска (0,1 процент од БДП), Грција (0,2) и Финска (0,3 проценти).

Стапките на зависност се мерат со прикажување на уделот на приливите во личните трансфери и надоместоците на вработените во однос на БДП-то на земјата. Минатата година, иселениците префрлиле 6,2 милијарди евра во Хрватска, додека странските работници од Хрватска испратиле 1,82 милијарди во други земји.

Според Евростат, минатата година, личните трансфери биле во суфицит за девет земји од ЕУ бидејќи нивните приливи од остатокот од светот ги надминале нивните одливи. Меѓу овие земји, три пријавиле најголеми суфицити во однос на БДП: Хрватска, 2,6 проценти од БДП, Бугарија 1,3 проценти и Португалија 1,2 проценти.

Спротивно на тоа, најголемите дефицити во личните трансфери се забележани од Малта (-2,8 проценти од БДП), Кипар (-0,9), Белгија (-0,6), Грција, Шпанија и Франција (-0,5 проценти), пренесува Даница.хр.

foto freepik.com/senivpetro

Слично

Поврзани вести