Најлош февруари за фирмите од Еврозоната
Прртходниот месец беше најлош за претпријатијата во еврозоната во последните година дена.
Тоа, во комбинација со новите сигнали на дефлаторните притисоци, веројатно ќе ја зголеми надежта во додатно монетарно олабавување, покажаа денеска резултатите на една анкета.
Индекс менаџерот на набавка (PMI) за еврозоната, кој го пресметува лондонската компанија Маркит, падна во февруари на 53 поени, што е најниско ниво од почетокот на 2015 година, пренесе Ројтерс, потсетувајќи дека тој индекс и понатаму е над границата од 50 поени, што укажува на раст на бизнис активностите.
„Забавувањето на растот на бизнис активностите, следено со слично забавување во темпо на отворање на нови работни места, говорат да опоравувањето на регионот губи на замаец“, изјавил главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.
Додатното кратење на каматните стапки на депозити од страна на Европската централна банка речиси е извесно на наредното состанување на институцијата на 10 март, оценува Ројтерс додавајќи дека постои шанса дека централната банка ќе го зголеми обемот на програмот на откуп на обврзници од актулените 60 милијарди евра месечно.
Цените во еврозоната минатиот месец паднале за околу 0,2 одсто, што е значајно под послакуваната инфлација на ЕЦБ од нешто под два одсто, потсетува британската агенција.
