Најкорумпираните професии и индустрии!
Рударство, експлоатација на нафта и ископувањата предводат на новата листа со светските индустрии, во кои се крие најмногу корупција. Градежништвото и транспортот ги дополнуваат првите три места, покажува анализата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
ОЕЦД анализира 427 случаи со мито при меѓународни трансакции.
Во две третини од случаите станува збор само за четири видови индустрии: Експлоатирачка (19%), градежна (15%), транспортна (15%) и информациска и комуникациска (ИКТ) (10%).
Високи функционери се вмешани во повеќе од половина случаи, а раководители играат активна улога во 12% од случаите. Тие или плаќаат мито сами, или давале дозвола за тоа, откриваат податоците на ОЕЦД.
Државните службеници и работниците за компании во сопственост на државни компании се најчестите цели на корупцијата. Вработените во царината, здравството и воената индустрија, исто така често се приматели на мито.
Колку е повисок рангот на работникот, толку повисок е поткупот. Додека шефови на држави и министри биле поткупувани во само 5% од случаите, но тие собрале 11% од вкупната вредност на мито.
Од друга страна, цариниците биле предмет на 11% од поткупите, но собрале малку повеќе од 1% од вкупната вредност.
Сите случаи кои ги регистрира ОЕЦД биле испитани и достигнале до пресуда.
За речиси една третина од случаите властите разбрале од компании кои откриваат митото при внатрешни ревизии или при обединување на сметководството при спојување или стекнување.
Лицата што поднесувааат сигнал за корупција, се вмешани во само 2% од случаите.
K.K.

Слично