Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ ИМА ВО ХОТЕЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ: Турција никако да се справи со инфлацијата

НАЈГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ ИМА ВО ХОТЕЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ: Турција никако да се справи со инфлацијата

Турција и натаму има висока инфлација. Големо поскапување на цените има во хотелите и рестораните. 

Годишната стапка на инфлација во септември се зголеми на 61,5 отсто, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат. Августовската инфлација во оваа земја изнесуваше 58,9 отсто. 

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата – за 92,4 отсто, како и во секторот образование – 80,9 отсто и во здравствениот сектор – 79,8 отсто.

Најмалку се зголемени трошоците за домување – за 20,1 отсто, облеката и обувките за 32,5 отсто, како и во областа на комуникациите – за 46,6 отсто. На месечно ниво цените се зголемени за 4,75 отсто во однос на август.

Инфлацијата претходно беше и повисока, односно Турција уриваше рекорди во Европа. 

Кон крајот на септември падна вредноста на лирата во однос на доларот. 

foto freepik.com/ededchechine

Слично

Поврзани вести