Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемите техно-маркети во Македонија направија бум во продажбата во кризната 2020

Најголемите техно-маркети во Македонија направија бум во продажбата во кризната 2020

Најголемите пет техно-маркети во Македонија лани ја зголемија продажбата на мало на уреди и го зголемија вкупниот приход на речиси 150 милиони евра, што е дефинитивно потврда дека во кризната 2020 се зголемиле нашите потреби од телевизори, гаџети, бела техника и сите уреди за домаќинството. 

На врвот по продажба останува Нептун ДООкако неприкосновен снабдувач на нашата нација со нови уреди за домаќинство и популарна бела техника. Остварен е приход од 60 милиони евра и оваа компанија може да се каже дека е е единствена на исто ниво како и во 2019 година. Но затоа добивката е зголемена за 11 отсто и достигна 3 милиони евра. 

На второто место се зацврсти „Сетек - Се од техника“ со профит од 2,7 милиони евра кој што е 2,5 пати повисок од претходната година. Приходот достигна 44,7 милиони евра што е за 31 отсто повеќе од претходната година.

„Техномаркет“ има реализација од 18 милиони евра и од продажба оствари профит од 720.000 евра што е дури за два пати повеќе од добивката во 2019 година.

За „Анхоч“ и Алфи Би, како и други детали од продажбата на уреди и бела техника, може да прочитате повеќе на „Фактор“.


Слично

Поврзани вести