НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ БАНКИ ГИ ТРЕСЕ КРИЗА: Откази за дури 60 000 работници
Изгледа дека оваа година не го галела банкарскиот сектор кој го тресе голема криза. На глобално ниво некои од најголемите светски банки најавуваат 60 000 откази.
Како што наведува Блумберг, голем број на најавени откази во најголема мера ќе опфатат европски работници. Поточно, без работа ќе останат дури 90 отсто од работниците на банкарскиот сектор.
Во Европа од новата банкарска криза најмногу ќе бидат погодени германските работници. Освен масовни отпуштања во престолнината на европската економија, без работа ќе останат и работници во Шпанија , Велика Британија и Франција.
По неодамна најавените откази голем број работници со цел рефинансирање на бизнисот во „HSBC“, „Santander“ и „Deutsche Bank“, која до 2022 година планира да отпушти 18 000 работници, новиот бран гасење работни места најави го најави и германската „Commerzbank“.
Во рамки на тригодишниот план на реструктуирање на бизнисот, без работа ќе останат дури 4300 вработени.
Подолу е бројот на најавени откази во девет европски банки:
1. Deutsche Bank - 18.000
2. Santander- 5.433
3. Commerzbank - 4.300
4. HSBC - 4.000
5. Barclays - 3.000
6. Alfa-Bank JSC - 3.000
7. KBC - 2.150
8. Caixabank - 2.023
9. National Bank of Greece - 1.700
