Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемите грешки поради кои не можете да најдете работа

Најголемите грешки поради кои не можете да најдете работа

Неколку грешки кои неврабените лица често ги прават додека бараат работа, уште повеќе го оспоруваат и го отежнуваат вработувањето.

Еве неколку грешки кои никако не смеете да ги правите додека барате работa:

  1. Депресија по губењето на работното место

Не е лесно кога човек ќе остане без работа, но тоа не смее да дозволите да влијае врз вашата емотивна состојба. Тоа не е причина за разочарување, затоа што не сте ни првиот ни последнит човек што останал без работа. Избегнувајте ги негативните ставови, останете позитивен и оптимист и не се откажувајте од барањето работа.

  1. Пасивни сте

Не го поминувајте цело време во јавување на огласи за работа. Остатокот од времето искористетего за нешта што не сте ги правеле додека сте биле без работа. Излегувајте со пријатели и дружете се, затоа што никогаш не знаете кога ќе го запознаете човекот што ви треба.

  1. Прифаќате било каква работа Ако однапред знаете дека немате добро чувство за работното место кое ви го нудат, не го прифаќајте. Така имате голема шанса да се вработите и по некое време да добиете или да дадете отказ, па пак да сте на почеток, само поуморни и разочарани.
  1. Одите на интервју без припрема

Никогаш не одете на работно интервју без подготовка. Добро истражете ја компанијата во која одите на разговор и информирајте се за вашите обврски. Така на разговорот ќе ги избегнете баналните прашања, ќе покажете дека точно знаете каде конкурирате и сте спремни да работите.

Слично

Поврзани вести