Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемиот затворен воден парк во светот ќе се гради во Бугарија

Најголемиот затворен воден парк во светот ќе се гради во Бугарија
Најголемиот затворен воден парк во светот се планира да биде изграден за околу 4 години во близина на општината Елин Пелин. Објектот е дел од проектот за забава "Света Софија", компанијата "Bulgerian Divelopmnt holding",  е таа која што ќе го реализира проектот со средства на азиски инвеститори, информира Извршниот директор на компанијата на прес г-динЛок. Вкупната инвестиција на проектот се пресметува на 1,5 милијарди долари, а се очекува враќање за 6-8 години. Проектот "Света Софија" ќе се спроведува на територијата на општина Елин Пелин. Инвеститори во моментов преговараат со владата и со локалните власти, со цел да се определи на теренот на кој ќе се гради. Потребн е парцела со површина 1500-2000 хектари, наведеува Лок. Целта на инвеститорот е со проектот, да ги направат Софија и Бугарија како една  целина, која ќе биде најпосакувана дестинација за урбан и конференциски туризам. Како ќе изгледа комплексот Планот е  во масивниот комплекс да биде изграден хотел, конференциски и изложбен центар, затворен воден парк, голем трговски центар, во кој ќе бидат поканети да присуствуваат и секуларна водечки брендови, некои од кои во моментов не се дел од бугарскиот  пазар, концертна сала, казино, детски центар, барови и ресторани, станбени области, како и затворена градина. Сеуште нема комплекс од таков тип во Европа, поради што проектот  ја доби поддршката на претставниците на бугарската јавност, Владата, а и на странци, кои би го посетиле, вклучувајќи и странски инвеститори, кои би се вклучиле во него. Реализацијата на проектот се планира да започне во јуни, а крајниот рок за неговото завршување е 36 - 44 месеци. За време на изградбата ќе бидат отворени над 10 илјади работни места. K.K.
Слично

Поврзани вести