Најголемиот тутунски бренд може и да се откаже од „цигарите“
Тутунскиот гигант Филип Морис може наскоро целосно да се откаже од традиционалните цигари со никотин со иновативните IQOS производи кои се разликуваат на тој начин што само го загреваат тутунот од кој се создава пареа. Ова е различно и од електронските цигари бидејќи навистина содржат тутун, но не и штетни материи како никотин, катран и други.

- Верувам дека ќе дојде моментот кога ќе можам да кажам дека имаме доволна успешност на прифаќање на овие алтернативни производи кои може целосно да ги заменат традиционалните цигари, да воспоставиме визија заедно со владите за да го надминеме пушењето со никотин и катран во цигирите“ посочи Андре Каланзопулос, извршниот директор на BBB Radio 4.
IQOS веќе се пробиваат на пазарите во Европа и Азија, но се уште немаат огромен процент на прифатеност. Секако, на нив се смета на пожелна иновација бидејќи може да ги намалат штетните последици кај пушачите и да се спречи поголема зависност од никотин.
