Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемиот авион на светот доаѓа во Загреб

Најголемиот авион на светот доаѓа во Загреб
Најголемиот авион на светот, Антонов ан-225 ќе слета во Загреб. Ова ќе се случи на 8  ноември кога на аеродромот Плесо, авионот ќе треба да биде натоварен со огромен трансформатор изработен во фабриката Кончар, а продаден на купувач од Филипините. Како што пишува весникот Вечерњи лист, на светот постои само еден Антонов Ан-225. Авионот е изработен далечната 1988 година во тогачниот Советски Сојуз, а има труп долг 84 метри и распон на крилата од 88,4 метри. Трансформатор кој треба да се носи на Филипини е вреден 5,5 милиони евра и тежок 140 тони. Вообичаено, ваков тежок товар се превезува со бродови, па ова е нов предизвик за Кончар. Авионот го нарекуваат - летечкиот џин. Според планот на летање тој за од Хрватска да стигне до Филипини ќе мора да слета на неколку попатни аеродроми за да дополнува гориво.
Слично

Поврзани вести