НАЈГОЛЕМИ ШТЕДАЧИ ВО ЕУ: Заштедиле дури 20 отсто од приходите
Жителите на Луксембург се најштедливи од целата Европската унија.
Оба го покажуваат податоците на Еуростат. Само во 2016 година домаќинствата во оваа држава заштедиле дури 20 проценти од своите приходи.
Зад нив, на листата на најштедливи народи се Швеѓаните, каде граѓаните во просек заштедиле 19 проценти од приходите.
Подолу на листата се граѓаните на Германија и Франција со по 17, односно 14 проценти заштедени пари од своите приходи.
Од друга страна, најмалку штедат жителите на Кипар, кои во просек потрошиле два проценти повеќе отколку што заработиле.
Такви навики имаат и граѓаните во Литванија, Латвија и Полска, каде жителите или немаат заштеди, или заштедиле само по 3-4 проценти од своите годишни приходи.
Слично
