Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМАТА РУСКА БАНКА ИЗЛЕГУВА ОД ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР: Во Србија и официјално стана дел од домашната групација АИК Банка

НАЈГОЛЕМАТА РУСКА БАНКА ИЗЛЕГУВА ОД ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР: Во Србија и официјално стана дел од домашната групација АИК Банка

Сбербанк денеска соопшти дека го напушта европскиот пазар, се наведува во соопштението на најголемата руска банка.

„Во актуелната ситуација Сбербанк одлучи да го напушти европскиот пазар. Филијалите се соочуваат со ненормален одлив на средства и безбедносна закана за персоналот и канцелариите“, соопшти банката.

Според инструкциите на руската централна банка, Сбербанк нема да може да обезбедува ликвидност на европските филијали, се наведува во соопштението.

„Во меѓувреме, филијалите на Сбербанк имаат високо ниво на капитал и квалитет на средствата, депозитите на клиентите се обезбедени во согласност со локалните закони. Средствата на банката се доволни за плаќање на сите штедачи“, велат од банката.

Сбербанк Србија официјално го смени името во „Наша АИК банка“ и со тоа целосно стана дел од домашната банкарска групација успешно предводена од АИК Банка, потврдија за „Блиц Бизнис“ во Аик банка.

- Стабилноста и силната капитална база се јасни показатели за нашиот успех, како и за големата сигурност што ја обезбедуваме на нашите клиенти и штедачи. Тоа го потврди и одлуката на Народната банка на Србија, со која АИК Банка доби согласност да ја преземе Сбербанк Србија, велат од АИК Банка за Блиц.рс

Инаку од денеска, австрискиот финансиски регулатор ги забрани комерцијалните активности на Sberbank Europe AG, на барање на Европската централна банка, додека на почетокот на неделава, Чешката народна банка иницираше чекори за одземање на банкарската лиценца на Sberbank CZ (огранок на Sberbank).

Сбербанк Европа АГ е банкарска групација која се состои од средства на Групацијата Сбербанк во Источна и Централна Европа. Со седиште во Виена, Sberbank Europe AG е во целосна сопственост на Sberbank. Сбербанк Европа работеше на осум европски пазари: Австрија, Босна и Херцеговина,  Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.


Слично

Поврзани вести