Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМАТА КАЗНА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Швајцарската UBS банка мора да плати милијарди евра

НАЈГОЛЕМАТА КАЗНА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Швајцарската UBS банка мора да плати милијарди евра

Судот во Франција и наложи на швајцарската банка UBS да плати казна од над 3,7 милијарди евра поради овозможување на богатите француски клиенти да ги избегнат даночните власти.

Се работи за најголемата казна некогап изречена во Франција за затајување данок, оценуваај светските агенции.

Банката UBS чие седиште е сместено во Цирих, како што е соопштено, е казнета поради перење пари, а истражителите наведуваат дека своите претставници ги праќала да врбуваат богати бизнисмени во Франција и ги повикувала да ги вложат своите пари во Швајцарија.

Средствата кои илегално ги сокриле француските клиенти во Швајцарија во период од 2004 до 2012 година се проценуваат на околу 10 милијарди евра.

UBS, една од најголемите светски банки за управување со богатство, остро ја критикувала пресудата на судот, на која како што е соопштено, ќе уложат жалба.

Во таа банка ги негирале кривичните дела, наведувајќи дека пресудата се заснова на „несновани наводи од поранешни вработени“.

UBS сугерира и дека пресудата е заснована врз предрасуди на Франција за швајцарските даночни пракси и напоменува дека таа банка само нуди „легитимни и стандардни услуги соглсно со швајцарскиот закон, кои се вообичаени и во други јурисдикции.


Слично

Поврзани вести