Најголемата грузиската ИТ компанија ќе отвори база во Скопје и ќе вработи 50 професионалци
Втора главна база за развој во Скопје планира наскоро да отвори најголемата грузиската ИТ компанија „Singular Group“.
На почетокот со шест работници, оперативно компанијата ќе започне со работа на почетокот од август, а до крајот на годината планира да го зголеми бројот на вработени на 20.
- Стратешката цел е компанијата во Скопје да стане примарна база на „Singular“ во текот на четвртиот квартал на 2014-та година и да има 50 амбициозни професионалци кои со своите идеи, знаење и можности ќе ја позиционираат компанијата меѓу првите пет резидентни фирми во групацијата - изјави управителот на македонската компанија, Дарко Гацов.
„Singular Group“ работи во три различни сфери, банкарскиот сектор, развој на Фејсбук социјални апликации и игри и развој на игри на среќа.
Наскоро компанијата ќе ги објави потребните вештини и профилите на професионалците кои ќе бидат барани како услов за вработување.
Слично
